среда, 23 октомври 2024

Македонските кадети во драматичен меч ја совладаа Шведска

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години ја совлада Шведска со 75-74 во вториот натпревар на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија и Шведска одиграа исклучително неизвесен натпревар во кој се играше и продолжение. Драмата на крајот ја доби нашата репрезентација со еден поен разлика.

Цветковски со 20 поени беше најдобар стрелец во нашата репрезентација, кај Швеѓаните Молемарк даде 22 поени.

Следен противник на македонските надежи е Естонија, мечот се игра на 12 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ