вторник, 22 октомври 2024

Македонските кадети ја победија Австрија, но не одат во четвртфинале

Пирова беше денешната победа на Македонија над Австрија од 95-88, триумфот не не однесе во четвртфинале бидејќи претходно Шведска славеше над Естонија и ние завршивме на третото место во групата.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските кошаркари до 16 години ќе се борат за од 9. до 16. позиција на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.

Натпреварот почина со едноминутно молчење во чест на починатата кошаркарска легенда, Лазар Лечиќ.

Македонија очекувано ја совлада Австрија, но уште пред овој дуел се знаеше дека немаме шанси за место меѓу осумте најдобри.

Шведска со 78-77 ја совлада Естонија, овие две селекции и Македонија имаа по 7 бода, но во тој круг од три репрезентации ние имаме најлоша кош-разлика.

Најдобар стрелец на Македонија беше Ѓорѓи Цветковски со 25 поени, Ѓорѓевиќ реализираше 19, Данев 18. Кај Австријците, Вицман постигна 26 поени.

Естонија и Шведска како првопласирани одат во четвртфиналето, Македонија и Австрија ќе разигруваат за од 9. до 16. позиција, а Украина како последна е во аут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ