среда, 4 декември 2024

Македонските градови почнуваат да блескаат во празничен сјај, Скопје сѐ уште е мрачно и тажно

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска официјално го најави почетокот на новогодишното украсување на градот, со кое оваа година ќе бидат опфатени повеќе локации, создавајќи волшебна празнична атмосфера. Украсувањето ќе ги облагороди Офицерскиот дом, Широк Сокак, Плоштадот Магнолија, Старата битолска чаршија, и многу други локации, со што Битола ќе се претвори во град на светлината и радоста, порачуваат од Општина Битола. Крива Паланка веќе неколку години важи за најубав украсен град кој привлекува многубројни посетители, а годинава украсување во празничен дух веќе најавија и Струга и Охрид. Се чини дека само Скопје останува да биде мрачен и тажен град. Од Град Скопје нема никакви најави за украсување на градот ниту пак информации дали ќе има органзирана прослава за дочекот на Нова Година.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Секој агол на Битола ќе ја почувствува новогодишната магија, а новите украсни елементи ќе внесат дополнителен сјај и топлина“, изјави Коњановски.

Освен традиционалните украси, локалната самоуправа воведува и новитети за збогатување на празничниот дух. Од 20 декември до 6 јануари, Битола повторно ќе биде домаќин на манифестацијата „Зимска приказна“, која четврта година по ред го оживува културниот туризам и ги радува сите генерации.

Програмата ќе вклучува концерти, детски претстави, традиционални куќички со локални деликатеси и сувенири, како и рачно изработени производи на празничниот базар кај Офицерскиот дом. Истовремено, Старата чаршија ќе се заживее со улични уметници, културни настани, промоции на занаетчиството и гастрономијата.

„Со оваа програма, не само што го збогатуваме празничното расположение, туку ја афирмираме Битола како центар на културен и туристички живот,“ додаде Коњановски.

Новогодишното украсување ќе биде завршено до 10 декември, а Битола ќе блесне во полн сјај, подготвена да ги пречека празниците со топлина, радост и магија за сите свои граѓани и посетители.

Крива Паланка веќе неколку години важи за најубав украсен град кој привлекува многубројни посетители, а градот сака тоа да стане една убава и долгогодишна традиција.

Годинава украсување во празничен дух веќе најавија и Струга и Охрид.

Од Општина Охрид за Алсат најавија дека новогодишното украсување на градот ќе започне деновиве и е предвидено да заврши до 8. декември за празникот Св. Климент Охридски кој воедно е и државен празник. За декорирањето на Охрид, локалната власт ќе потроши 1 милион и 400 илјади денари.

Локалната власт најавува интересна и привлечна новогодишна програма со богата содржина за децата, младите и возрасните. Истата е предвидено да се реализира во деновите пред и по дочекот на Новата Година, сѐ до 14 јануари односно почетокот на Стара нова година. Предвидена е богата програма со познати естрадни уметници кои ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата Година на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, велат од Општина Охрид.

Струга за Нова година пак, вкупно ќе потроши 2.490.000 денари. Само за украсување на градот, Општината ќе потроши 2 милиони денари, односно повеќе од 30 илајди евра. Во програмата која ја усвои Советот предввидени се и дополнителни трошоци.

„За декорација на градот 2.000.000 денари. Средствата да се префрлат на Комунално Стрyга, по претходно доставена фактура. За Дедо мраз и маршутата, да се обезбедат, 40 килограми бомбони и украсни новогодини реквизити. За Дедо мраз, реквизити и бонбони се предвидени 15.000 денари“, пишува во Програмата за дочек на Новата 2025 година.

Во Струга нема да има организиран дочек на Нова година, но затоа на 30 декември, ќе има забава за деца и прошетка на Дедо мраз низ улиците на градот, како и концерт со локални бендови. Ќе се потрошат и 45.000 денари, за првите три новороденчиња, на кои ќе им доделат штедни книши од по 15.000 денари, 10.000 денари за најубаво украсена куќа, 300.000 денари за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, деца со попреченост и за децата на вработените во општинската администрација.

Се чини дека само Скопје останува да биде мрачен и тажен град. Барем засега. Од Град Скопје нема никакви најави за украсување на градот ниту пак информации дали ќе има органзирана прослава за дочекот на Нова Година.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ