Избраниците на Благоја Милевски го одработеа првиот тренинг во Анталија каде ќе го поминат мартовскиот репрезентативен циклус.
Во Анталија ќе одиграме и два пријателски натпревари, на 22. март со Молдавија и на 25. март со Црна Гора.
Сите репрезентативци се на број со исклучок на Столе Димитриевски и Бојан Димовски кои ќе пристигнат во текот на утрешниот ден.