Нашите фудбалерки имаа лоша увертира во Лигата Ц од женската Лига на нации, бевме прегазени од селекцијата на Косово на домашен терен.
Резултатот беше отворен уште во шестата минута кога Бикај ни даде гол за водство на Косово од 1-0. Тоа беше и единствениот погодок во првото полувреме.
По четири минути игра во вториот дел истата фудбалерка на Косово го зголеми нивното водство на 2-0.
Во 65. минута Фетај зголеми на 3-0, а само две минути подоцна Метај ги постави конечните 4-0 за Косово.
Покрај Македонија и Косово, во нашата група е уште и селекцијата на Летонија.