четврток, 6 март 2025

Македонските девојки до 17 години ја прегазија Молдавија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години со 5-0 ја победи Молдавија во рамките од првото коло од квалификацискиот турнир за ЕП кој се одржува во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраничките на Катерина Милеска одиграа одличен меч во кој во целост го надиграа противникот и остварија сосема засллужено победа. Настасја Накова го обележа овој натпревар во кој успеа да постигне три погодоци.

Резултатот го отвори најдобриот поединец на денешната средба, Настасја Накова во 29. минута. Истиот играч во 51. минута стрелаше за 2:0. Три минути подоцна, Калина Попески го постигна третиот погодок на денешната средба. Ева Величкова беше стрелец на четвртиот гол во 66. минута, а Настасја Накова во 77. минута го комплетираше хет трикот и ги постави конечните 5:0.

Квалификациски турнир во Скопје, жени до 17 години

Македонија – Молдавија 5:0 (1:0)

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Мила Панева (Тамара Лазеска 82′), Блехана Алиеска, Меланија Грозданова, Ева Величкова (Ноелле Митревски 70′), Настасја Накова, Теона Галабовска (Розита Пецева 82′), Калина Попески (Елена Наумовска 70′), Канита Емини, Ана Марија Цветкоска (Јована Каралиоска 46′), Андреа Коловска;

Селектор: Катерина Милеска;

На 12. март од 11.часот на тренинг центарот „Петар Милошевски” играме со Словенија.

Меѓусебната пресметка, Молдавија и Словенија ќе ја одиграат на 9. март, со почеток во 13. часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ