Репрезентативниот штанд на Македонија на првиот саемски ден беше посетен од
бројни високи претставници на Република Турција, како и значајни учесници од
туристичкиот сектор. Директорката на АППТ, Билјана Стефаноска имаше можност да
размени мислења и да поразговара за туристичката размена како и продлабочување
на соработката помеѓу двете земји со претседателот на ТУРСАБ-Асоцијација на
туристички агенции на Турција, Фируз Багликаја.
Турските гости се традиционални во Македонија, културните, историските и семејните
врски се мост кој ги поврзува двата народи. Минатата година има раст на бројот на
турски посетители од 46%, споредбено со 2023 со вкупно 276.597 туристи од Турција
кои оствариле 385.208 ноќевања, со забележано зголемување од 43%.
Како една од петте најдобри туристички изложби ширум светот, ЕМИТТ годишно
привлекува околу 30.000 професионалци и туристи кои бараат нови и возбудливи
можности за патување и истражување.
Учество земаа над 100 земји, 650 излагачи и над 220 поканети туроперaтори како и активни туристички работници, медиуми, блогери, влогери кои ќе промовираа туристички дестинации.
За време на саемот се организираат бројни панел дискусии со различни лидери во
областа на туризмот од Турција и светот. Овој настан овозможува вмрежување со сите
учесници преку систем за онлајн закажување состаноци – hosted buyers, алатка која
нуди можности за бизнис и соработка помеѓу светскиот туристички сектор, соопшти АППТ.