Албумот содржи песни од почетоците на неговата кариера и претставува своевидно животно патување низ последните шест години. Секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот.
„Секој музичар е различен, а тоа не е по избор. Тоа е нешто што го носиме во себе како код кој ја дефинира нашата креативност и нè тера да создаваме уметнички дела кои се единствени. Мојата музика би ја ставил воинди-поп жанр со најголемо влијанија од кантри и блуз. Вообичаено, но не секогаш, придружено со акустична гитара и текстови кои се многу лични за мене“, вели Ајди.
Тој најави дека веќе го снима наредниот албум и се подготвува за турнеи во Македонија, но и во странство. Едвај чекам преку музика да ги споделам моите животни приказни и искуства со светот, рече Ајди.