четврток, 26 декември 2024

Македонскиот државен врв со изрази на сочуство за трагедијата во Нови Сад

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад. 

Објавено на

часот

Сподели

„ Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени. Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност“, пишува во објавата на Фејсбук.

Во несреќата во Нови Сад при уривање на настрешница на железничката станица загинаа 14 лица меѓу кои и еден Македонец.

Вчера, ирази на сочуство упатија и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, како и лидерот на опоициската СДСМ, Венко Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ