недела, 19 мај 2024

Македонскиот амбасадор во Москва не отиде на инаугурацијата на Путин

По инструкција од министерот за надворешни работи на Македонија, македонскиот амбасадор во Москва, Ненад Колев, остана во Амбасадата и не отиде на инаугурацијата на Владимир Путин кој на свечена церемонија даде заклетва за својот нов, петти мандат како претседател на Руската Федерација.

Објавено на

часот

Сподели

„Информираме дека по инструкција на министерот за надворешни работи, амбасадорот на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Ненад Колев, нема да присуствува на инаугурацијата на претседателот на Русија“, гласи одговорот од МНР.

Со овој чин, а по директна инструкција од македонскиот шеф на дипломатијата, Македонија се придружи на бојкотот на повеќето земји од ЕУ, САД и Канада, кои ја бојкотираат церемонијата поради воената интервенција врз Украина и практично, не ги признаваат резултатите од претседателските избори во Русија на кои огромно мнозинство гласаше за Путин.

Повик за бојкот деновиве со официјален допис и до медиумите упати и Амбасадата на Украина во Скопје.

Како што јавуваат руските медиуми, присутни на церемонијата биле амбасадорите на Србија, Унгарија, претставници од Норвешка, Швајцарија, Турција, Босна и Херцеговина, Кина и други земји.

Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека биле поканети сите земји кои имаат акредитирано амбасадори, дури, како што рече, „и од непријателските земји, што претставува определена порака“.

Владимир Путин денеска заклетвата ја даде во Големиот дворец во Кремљ и официјално по петти пат ја презеде должноста претседател на Русија. Неговиот мандат ќе трае до 2030 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ