петок, 26 јули 2024

Путин положи заклетва за петтиот мандат: „Не одбиваме дијалог со Западот“ (ФОТО)

Владимир Путин денеска на инаугурацијата во Кремљ положи заклетва за петтиот шестгодишен мандат на чело на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се колнам дека ќе ги почитувам и штитам правата и слободите на човекот и граѓанинот, дека ќе го почитувам и штитам Уставот, суверенитетот, независноста, безбедноста и интегритетот на власта“, рече Путин.

На инаугурацијата, старо-новиот руски претседател ги коментираше односите со Западот: „Русија останува отворена за дијалог и од другата страна зависи како ќе продолжиме“.

Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА

„Западот треба да одлучи дали сака да се вклучи во дијалог со Русија или да продолжи со бескрајна агресија во обид да го попречи развојот на земјата“, рече тој во својот говор на инаугурацијата.

Фото: ЕПА
Фото: ЕПА

Церемонијата се одржа во Големата палата на Кремљ, а на неа присуствуваа десетици државници, меѓу кои и високи претставници од парламентот и од уставниот суд.

Владимир Путин помина речиси четвртина век како руски лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ