Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 11,6 проценти споредено со истиот период минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 29,7 проценти. Приходите од продажбата се стабилни и кај нив се бележи раст на приходите од основниот бизнис од 5,3% во мобилниот сегмент и 4,3% во фиксниот сегмент. Ширење и развој на гигабитна мрежа Доследни на нашата определба да ги поврземе сите, продолжуваме со интензивното ширење на оптичката и 5G инфраструктура на целата територија. Во првите девет месеци од годината, бројот на оптички пристапи е зголемен за 13% и изнесува 303 000. Ова е резултат од масовната миграција на корисниците од бакар на оптика во сите делови од државата каде што има оптичко покривање. Продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто сега можат да ја користат 82% од населението со гигабитни брзини во повеќето градови во Македонија. Фокус на задоволството на корисниците Расте бројот на корисници во сите сегменти, што е резултат на нашата посветеност да им пружиме на корисниците врвни услуги и постојана поврзаност секогаш и секаде. Остануваме број 1 според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, којшто на крајот на третиот квартал бележи зголемување и изнесува 94 поени. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8 проценти и изнесува 208,7 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 2,7 проценти. „Стабилниот раст продолжува и во третиот квартал од годинава и покрај сите предизвици. Продолжуваме со силен фокус да инвестираме во гигабитна мрежа којашто ќе овозможи целосна поврзаност и подеднакво учество во дигиталниот свет. Горди сме на порастот на бројот на корисници во сите сегменти, како и на високиот индекс на корисничко задоволство, TRI*M, според кој сме број еден повеќе години и кој достигна 94 во третиот квартал. И покрај сите неизвесности коишто влијаат врз глобалната економија, ќе продолжиме да работиме за да ги надоместиме негативните трендови и да овозможиме најдобро корисничко искуство“, истакна Славко Пројкоски, главен директор за финансии на Македонски телеком.
|
Македонски телеком – успешни резултати во третиот квартал
Македонски телеком продолжува со успешното работење и со позитивен тренд на раст и во третиот квартал од 2023 година. Од почетокот на годината, бројот на корисници континуирано расте, а во фокусот останува интензивното ширење и зголемување на капацитетот и квалитетот на мрежата, особено на оптичката и 5G инфраструктура.
Објавено на
часот