„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора“, постираа на фејсбук од македонската амбасада во Германија.
Македонски доктори учествувале во лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург
Горди со докторите д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски, напишаа одговорните од македонската амбасада во Германија за работата на македонските доктори за време на трагедијата во германскиот град Магдебург.
Објавено на
часот