Со симболично поставување на 100 шаховски табли и Македонија се приклучува во одбележувањето на овој вековен јубилеј. Секој посетител кој ќе дојде во Градски парк на 15 јуни ќе има можност да изигра партија шах и ќе биде дел од настанот кој ветува одлични партии шах, многу музика, подароци и забава.
Дел од оваа шаховска сензација ќе бидат реномирани имиња од светот на шахот, со кои и децата и возрасните ќе можат да се сретнат на црно-белата табла.
Британскиот шаховски велемајстор и директор за развој на шахот на ФИДЕ, Најџел Шорт ќе допатува во Македонија и заедно со велемајсторите Антоанета Стефанова, Петар Арнаудов ќе се дружат и запознаат со нашите домашни шахисти и љубители на шахот.
Македонската шаховска федерација го организира одбележувањето на стогодишниот ФИДЕ јубилеј со поддршка од УНИ банка, под мотото „100 години шах-вистинскиот потег е со УНИ банка”.
Шаховската федерација на Македонија е членка на ФИДЕ од 1991 година. Федерацијата има организирано голем број на европски шаховски турнири, а минатата година ФИДЕ ни ја довери честа да го организираме Светското екипно првенство за сениори над 50 и над 65 години. Македонските шаховски репрезентации учествувале на сите шаховски олимпијади организирани под покровителство на ФИДЕ.