„Навистина сме горди што токму со ова партнерство го обележуваме влезот на пазарот во Северна Америка. Годината ја почнавме со стекнување регулаторна дозвола од Комисијата за алкохол и игри на Онтарио (AGCO) за обезбедување на нашите услуги и водечка технологија во Онтарио, а веќе сега сме во можност да ја унапредиме и прошириме платформата и услугите за спортско обложување на бренд како што е PlayAlberta“, вели Александар Динев, главен продуктен директор во BtoBet, додавајќи дека извонредниот успех и континуираната експанзија на македонската компанија во исклучително конкурентната светска iGaming индустрија е резултат на талентот, иновативноста и посветеноста на човечките ресурси со кои BtoBet располага.
„Вредно работевме да се стекнеме со лидерска позиција на регулираните пазари како Европа, Африка и Латинска Америка, а со ова најново партнерство ни е претставена возбудлива можност да се етаблираме како доверлив технолошки партнер и во Северна Америка, пазар кој е на сигурен пат да стане најголемиот глобално“, завршува Динев.
Инаку, BtoBet, дел од групацијата NeoGames која е во процес на аквизиција од страна на светски познатата Aristocrat Leisure Limited, продолжува да бележи експоненцијален раст преку постојано унапредување на својата понуда, зајакнувајќи ја конкурентската предност во светски рамки.