вторник, 4 февруари 2025

Македонските маркети со најниски продажни цени во регионот

Oд 29 до 31 јануари МКД.мк заедно со колеги од Србија и Бугарија изврши мало истражување за цените на некои основни прехранбени производи во маркетите во овие три земји. Споредбата на цените на 20 прехранбени производи покажа дека сепак цените во маркетите Македонија се убедливо најниски во споредба со маркетите во Србија и Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

Споредувани се цените на млекото, јогуртот, лебот, тестенините, шеќерот, маслото за јадење, јајцата, чоколадото… во Македонија во маркетите на Кам, Тинекс и Стокомак, во Србија во Лидл, Макси и Рода, а во Бугарија во Лидл и Кауфланд.

Се обидовме да споредиме слични артикли, но не секогаш тоа е идентичниот артикал. На пример во Македонија е земена цената на млекото на ИМБ, во Србија тоа е „Моја кравица“ од истиот производител, а во Бугарија се купени купени артиклите со најслична масленост. Па така во Македонија еден литар млеко со 2,8 масленост е 61 денар за еден литар, во Србија 66,2 и 82,1 денар, а во Бугарија цената е од 71 до 83 денари.

Брашното кое најмногу се продава во Македонија и Србија е Т400, додека во Бугарија е Т500. Во Македонија цената за еден килограм е од 27 до 39 денари во различни маркети, во Србија 29,1 денар, а во Бугарија од 50,7 до 52,4 денари.

Се обидовме споредбата да ја направиме меѓу најсоодветни артикли. Споредувани се најслични големини на пакувања за да се надмине разликата во цена која природно доаѓа со пакувањето.

На пример колгејт пастата за заби е една 75-125 мл во Македонија чини 59 денари,  во Србија од 90 до 95 денари, а во Бугарија 111,3 денари…

Кај милка чоколадата необјасниви се толку големите разлики – од 65 денари во Македонија до 148 денари во Бугарија.

Во Македонија, а и во другите држави дел од овие артикли се со акциска цена (означени со жолта боја во табелите) и истите наскоро сигурно ќе претрпат промени.

Сепак во овие споредби едноставно е невозможно да се споредат и даноците во трите земји. Секаде се различни. Во Македонија данокот на додадена вредност за храната изнесува од 5 до 10 отсто, во Србија истиот е од 10 до 20%, а во Бугарија изнесува 20%.

Дел од фискалните сметки од маркетите во Србија и Бугарија

Освен тоа, царините за увоз на прехранбените производи исто така од земја во земја е различна, во зависност од политиката на секоја држава за заштита на домашното производство.

A.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ