-Ставот на Движење ЗНАМ кон ваквиот отворен и брутален вербален напад врз личниот интегритет на еден од најуспешните министри во Владата на премиерот Мицкоски е следен: Антонио Милошоски е последниот кој има кредибилитет да држи лекции за правосудни стандарди. Го слушнавме како објаснува што би направил и што би реконструирал кога би бил премиер, изјави Арсовски, додавајќи: „Тој не е премиер, ниту бил, ниту ќе биде!“
Арсоски потсети на резултатите од осуммесечната работа на министерот Филков, меѓу кои нови закони за Судски совет, Совет на јавни обвинители и парнична постапка.
„Во интерес на Македонија и сите нејзини граѓани, да продолжиме посветено да работиме на реформските процеси кои се единствениот пат кон европска иднина“, нагласи тој.
Арсоски потенцираше дека од ЗНАМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ, како што рече „во најкраток рок јавно да се огради од ставот на Милошоски“.






