Георги е ученик посветен особено на природните науки, пренесе Умно.мк.
Златен медал за Георги Николоски од Прилеп на меѓународен натпревар по природни науки во Њујорк

Објавено на
часот
Сподели
„Чест ми е што ја имав шансата да ја претставувам нашата гимназија, нашиот град Прилеп и, пред сè, нашата држава Македонија во светски рамки. Посебна благодарност за остварување на оваа цел до моите родители кои во континуитет несебично ме подржуваат како и роднини, пријатели, професорките по хемија – Ружа Ангелеска, физика – Ивана Кедиоска, биологија – Софија Крстеска и класната раководителка – Евгенија Нешкоска… како и големо благодарам на општествено- одговорните компании што ме поддржаа во овој подвиг и докажаа дека се сериозни во идејата развојот на нашето општество“, рече Николоски.