петок, 12 декември 2025

Започна исплатата на правата од социјална и детска заштита, соопшти Министерството за социјални работи

Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПМД) информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за ноември 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството соопштуваат дека корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

„Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа, на 12.12.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ и на 15.12.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш“, информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ