петок, 9 мај 2025

Започна 50-дневниот фестивал на вештачка интелигенција во Семос eдукација – AI Fest 2025

Во рамки на почетокот на AI Fest 2025 се одржаа 60 бесплатни вебинари на 18 различни теми насочени кон бизнис корисници, ИТ- професионалци и AI-ентузијасти, обид за поставување Гинисов светски рекорд за најголем број корисници вклучени во AI-онлајн сесии во период од 24 часа, панел-дискусии, практични обуки, испити и многубројни интерактивни активности за различни целни групи.

Објавено на

часот

Сподели

„Сепак, дигиталната трансформација не е само за институции или компании. Таа почнува со секој поединец. Во новата дигитална ера, дигиталната писменост е новата писменост. Затоа вложуваме во програми за преквалификација, дигитална едукација за ранливи групи, и посебно во создавање на AI-вештини кај младите“, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој присуствуваше на отворањето.

Фестивалот се одржува како дел од Националната иницијатива за развој на AI-вештини, глобален проект креиран од Мајкрософт (Microsoft) во соработка со партнери низ светот, меѓу кои и Семос eдукација како официјален партнер за Македонија и регионот. Иницијативата беше поддржана од Министерството за дигитална трансформација и партнерите Support and Solutions Center, Стопанска банка, Телеком, Триглав Осигурување и други компании и институции, кои ја препознаа важноста на развојот на AI-капацитети во земјата.

„Националната иницијатива за развој на AI-вештини претставува стратешки чекор напред, со кој обезбедуваме секој граѓанин, од студент до искусен професионалец, да има пристап до квалитетна едукација и практични знаења во областа на вештачката интелигенција. Македонија мора да биде препознаена ширум светот! За следната генерација, за младите, единствениот пат кон модерно и развиено општество е преку технологија — а вештачката интелигенција е најветувачката можност во моментов“, истакна Валентина Тасева, сопственик и директор на Семос eдукација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ