Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
„Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови“, се вели во соопштението од МОН.






