Тој прецизира дека досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме почина и против него истрагата ќе биде прекината. Дополнително, како што кажа, се води истрага и против седум полициски службеници.
Порача дека истрагата ќе биде максимално ефективна и ќе ги даде посакуваните ефекти.
Тринаесет обвинили работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани. Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека за пожарот под истрага се сопственици, менаџери, корисниците на пиротехниката, обезбедувачите. За континуираните пропусти кои допринеле клубот да работи без да исполнува услови, осомничени се ексминистри, поранешни и сегашни директори, инспектори, поранешни градоначалници. Коцевски рече дека барале мерки за обезбедување за 19-те новоосомничени лица.
„За четворица се бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување на комуникација, а за уште седум лица се бараат мерки на претпазливост, а еден осомничен не е ни во Македонија. Се испитуваа повеќе линии на одговорнсот“, рече Коцевски.
Министерот Тошковски посочи дека во насока на расветлување на правно-кривичниот настан Министерството за внатрешни работи презеде низа активности со кои покажа дека законот важи за секој што ќе се огреши, а при тоа да се собрани соодветни докази.
„Ќе продолжиме и понатаму да преземаме активности за секој што ќе бидат собрани докази“, рече Тошковски.