ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно интервенирала и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што биле подигнати приближно 60 кубни метри мешан комунален отпад од три помали диви депонии.
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела врачила 32 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број на записници се изготвени во скопската општина Чаир.






