Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 76 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 78, еуродизел БС (Д-Е V) за 69,5, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,245 денари за килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,148 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,869 отсто, кај дизелот за 2,557 и кај екстра лесното масло за 3,327 отсто додека кај мазутот има намалувањето за 4,292 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2938 отсто.






