понеделник, 16 февруари 2026

Вреди ја повика ДУИ да побара од Албанија да го екстрадира Артан Груби

ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на „локален СПАК“ (Албанско специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја „откриле Америка“. Но, прашањето што веднаш се поставува е дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, се наведува во денешното соопштение на коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Според коалицијата Вреди, корупцијата има познати лица како што се Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во Фондот за здравствдно осигурување (ФЗО), Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и „многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи“, се наведува во соопштението на Вреди.

Вреди, се потенцира во соопштението, го поздравува овој „СПАК“ на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња.

„Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ. Ако овој ‘СПАК’ е сериозен, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи. Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „”СПАК за фејсбук’, а не за правда“, велат од коалицијата Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ