недела, 14 декември 2025

Во Вашингтон средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч

На првиот ден од работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба со сенаторот Петер Велч, еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД со која се одбележуваат 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот Муцунски ја нагласи важноста на оваа резолуција како потврда за силното пријателство и доверба што ги обединуваат македонскиот и американскиот народ. Тој подвлече дека Република Северна Македонија останува посветена на заедничките евроатлантски вредности, демократијата, владеењето на правото и стабилноста на Западен Балкан“, соопшти МНРиНТ.

На средбата се разговарало и за „унапредувањето на билатералните односи, поддршката за европскиот пат на Северна Македонија, како и за заедничкото уверување дека посетата ќе отвори нови можности за уште посилна соработка меѓу двете земји“.

Како што информира Министерството, во текот на денот е предвидено Муцунски да оствари средби со повеќе претставници на Конгресот на САД, и да се обрати на свечен настан организиран по повод 8 Септември – Денот на независноста, во присуство на македонската дијаспора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ