понеделник, 14 јули 2025

Во текот на летото, педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

На 50-тина училишта низ Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, информира денеска владината прес-служба.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банката за развој при Советот на Европа за инвестирање во обновливи извори за енергија. Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците“, се вели во соопштението.

Преку инвестирање во обновливите извори на енергија, како што се наведува, ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина.

„Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес. Преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем. Државата е на патот на промените“, се наведува во владиното соопштение.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ