понеделник, 8 декември 2025

Во присуство на Ахмети и Османи тепачка на собир на ДУИ во Чаир

Синоќа во Чаир, на собир на ДУИ (или на коалицијата Националната алијанса за интеграција), на кој биле присутни и лидерот на партијата Али Ахмети и кандидатот за градоначалник на Чаир Бујар Османи, се случи голема пресметка меѓу две групи. Вербалната расправија меѓу две групи премина во физичка пресметка која предизвика вистински хаос на собирот, јавуваат медиумите на албански јазик.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на овие медиуми, тепачката почнала откако една група јавно го изразувала своето незадоволство од работата на ДУИ и лошата состојба на теренот.

Во текот на денот се очекуваат подетални информации за овој настан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ