петок, 13 февруари 2026

Во претседателскиот кабинет традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски“ од Охрид денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, што во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците заедно со своите наставници и образовни асистенти внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето. Пред учениците на јарболот беше поставено ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.

 

Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.

„Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници? Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето“, стои во соопштението.

 

Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.

 

Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ