недела, 14 декември 2025

Во НП Пелистер ренџери вршат прихрана на дивечот

Ренџерската служба на ЈУ Национален парк „Пелистер“ изврши прихрана на дивечот на три локалитети во истоимениот национален парк.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за МИА Дејан Стефковски, вработен во Секторот за заштита и мониторинг на природните ресурси во Националниот парк „Пелистер“, истакна дека прихраната се извршува заради недостиг од храна во природата.

„Прихраната ја извршија тимови од нашата ренџерска служба кои на три локации во националниот парк, односно на Вртушка, Пелиска и Брајчино, каде во хранилиштата ставија пченка, пченица, минерали и сол за ситниот и крупниот дивеч. Исто така, стотина килограми зрнеста храна се оставени на повеќе позиции во локалитетот за прихранување на ситниот прелетен и крупниот дивеч. Прихраната се извршува заради недостиг од храна во природата“, изјави Стефковски.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ потврдија дека со поддршка на Фондацијата ПОНТ наскоро ќе бидат обновени старите и поставени нови хранилишта за дивечот во националниот парк „Пелистер“.

„Со подобрување на временские услови и намалување на снежната покривка која на планината Баба во моментов е висока, ќе почнеме со поставување на нови хранилишта. Средства за обнова и за нови унифицирани хранилишта добивме од фондацијата ПОНТ и тие ќе се постават на повеќе места, односно над Нижо Поле, атарот на Цапари, Вртушка, Брајчино и други локации на националниот парк Пелистер“, потврди Стефковски.

Во рамки на меѓународната соработка на ЈУ Национален парк „Пелистер“ со национални установи од Хрватска и Црна Гора, наскоро ќе почнат проект за заштита и мониторинг на кафеавата мечка која живее на планината Баба бидејќи, како што информираа, оваа мечка заради големината, односно нејзиниот раст, предизвикува посебен интерес кај експерти од странство и за таа цел, во атарот на селото Цапари ќе биде направена посебна мониторинг куќарка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ