Градоначалникот Бошко Цветковски информира дека Одлуката едногласно е донесена на последната седница на од Советот на Општина Лозово.
Тој потенцира дека оваа мерка е дел од заложбата на локалната власт за помош на семејствата и вложување во иднината на децата.
„Модерно и квалитетно образование со задоволни ученици, родители и наставници е нашиот врвен приоритет. Затоа, продолжуваме да ги слушаме потребите од образовната заедница и да креираме квалитетни мерки, кои ќе донесат добри резултати“, потенцира Цветковски.






