Во конкуренција од илјада универзитети, тимот на ФИНКИ го освои 22-то место
Tимот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ), поддржан од ФИНКИ CIRT, го освои високото 22-ро место на глобалниот University CTF 2025: Tinsel Trouble, организиран од Hack The Box. Тимот CTF (Capture The Flag) во конкуренција од повеќе од 1.000 универзитети од целиот свет беа први на Балканот, девети во Европа и 22-ри во светот.

Објавено на
часот





