Оваа компактна машина, произведена од компанијата Брако, работи без никакви штетни емисии и е идеално решение за чувствителни урбани средини. Благодарение на иновативниот REX систем за рециклирање на воздухот, GM400ze овозможува чистење без подигање прашина, што е особено важно во историски подрачја како што е стариот Несебар, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО.

Операторите веќе поминаа техничка обука спроведена од овластени претставници на Green Machines во Бугарија и се целосно подготвени за користење на машината. Со својата тивка и прецизна работа, GM400ze е совршено решение за тесни улички, пешачки зони и зони со висока туристичка фрекфенција.
Оваа испорака следи по набавката на моделот GM636 во бугарскиот град Поморие, што уште еднаш ја потврдува присутноста на Green Machines на овој пазар.






