понеделник, 16 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче доделиле лиценца на „ЦБД Медплант“, фирмата од која се запленети 30 тони марихуана

Поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана e прашање на сериозни индиции кои бараат итна истрага. Фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, од која беа запленети 30 тони марихуана, е директно поврзана со луѓе блиски до СДС и Заев. Постојат фотографии кои го прикажуваат Филипче во друштво со сопственикот, Тони Котев. Од вкупно околу 40 тони запленета марихуана, дури околу 30 тони се поврзуваат со оваа фирма или 70%, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 2020 година фирмата добила лиценца, а истата година, Заев и Филипче јавно ја отворија темата за поширока легализација на канабисот, вклучително и за лична употреба. Откако таквата иницијатива не доби поддршка, следеше интензивно издавање лиценци за медицински канабис, при што значителен број од нив завршија кај лица поврзани со структурите на власта.

Измените на Правилникот за одгледување на канабис што ги овозможиле во 2023 година, кои се спротивно на закон и се однесуваат на одгледување на канабис на отворено и производство кое не ги исполнува ГМП стандардите, отвораат сериозни прашања за законитоста на процесот.

Каква е легитимноста на цел бизнис ако производот не може да се лиценцира или продава како кој не ги исполнува ГМП стандардите за медицинска употреба?

Ова е момент за институционална одговорност. Јавното обвинителство и надлежните органи мораат итно да истражат и за лиценците и како биле доделувани истите и за измените на подзаконските акти и да ја истражат можната поврзаност на функционери од минатата власт во земјава.

Граѓаните заслужуваат транспарентност и правда и ова не е прашање што може да се одложи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ