недела, 14 декември 2025
Локални избори

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди со свои кандидати за градоначалник на Кичево

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пред неколку дена изјави дека неговата партија ќе има кандидат за градоначалник на Кичево. Кандидат на владеачката партија најверојатно ќе биде лекарот Александар Јовановски, кој на последните локални избори веќе беше во трка на кичевски градоначалник. Коалицијата Вреди, владиниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално потврди дека за претстојните локални избори Фатмир Лимани ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на Кичево.

Објавено на

часот

Сподели

Лимани, актуелниот министер за социјала, е вториот министер од Вреди кој ќе биде кандидат за градоначалник. Изет Меџити, потпретседателот на Влдата, ќе бида кандидат за градоначалник на Чаир.

Опозициските СДСМ и ДУИ сѐ уште не објавиле кои би биле нивни кандидати за Кичево. Од ДУИ можно е тоа повторно да биде актуелниот градоначалник Фатмир Дехари. Но, за оваа функција се споменуваат и имињата на независниот Шкодран Алили и екс министрот за економија Крешник Бектеши, кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани.

Според информации од СДСМ можно е оваа партија да го поддржи Јовановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, дел од раководството на партијата смета дека тие мора да понудат кандидат. СДСМ засега нема кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Сарај , Чаир…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ