понеделник, 15 декември 2025

Владиката Петар забрани користење на социјалните мрежи за свештениците од неговата епархија

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар им забрани на свештениците од неговата епархија да поседуваат профили на социјалните мрежи. Тој издаде наредба со која забранува користење социјални медиуми, а истовремено за непослишните најавува санкции, објави Религија.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Во документот потпишан од владиката Петар се вели дека личните ставови што сѐ почесто ги иснесувале свештеници на епархијата можеле да се толкуваат како официјални ставови на епархијата, односно на МПЦ-ОА и затоа треба да се забрани користењето на социјалните мрежи.

„Поради сѐ позчестеното изнесување ставови, мислења и коментари на социјалните мрежи, од страна на свештени лица од нашата епархија, за теми кои што се надвор од црковно-пастирскиот живот, а се однесуваат на дневно-политички настани и случувања, кои би можеле да се толкуваат како официјален став на Преспанско-пелагониската епархија, односно на МПЦ-ОА, забрануваме на сите свештени лица од ППЕ да поседуваат сопствени профили на Фејсбук, Инстаграм, Х и слично, или пак да поседуваат профили под друго (лажно) име. Секое непочитување на оваа наредба ќе биде соодветно санкционирано. Оваа наредба стапува на сила веднаш по нејзиното донесување“, стои во наредбата потпишана на 15 јули.

Ваков обид да се забрани користење на социјалните медиуми, по иницијатива на Петар, преку синодот на МПЦ-ОА имаше и пред десетина години, но поради реакциите на јавноста таа беше повлечена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ