Активни се пожарите во Општина Липково во село Никуштак, во Општина Гази Баба во селото Булачани (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума), во депонија Дрисла (ѓубре), во Општина Струга во селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума) и во населба Елен Камен (ниска вегетација), во Општина Куманово во село Љубодраг (ниска вегетација) во Општина Крушево во селото Норово (ниска вегетација и дел дабова шума).
Под контрола е пожарот во депонија Делчево (ѓубриште тлее и чади) и Градската депонија во Крушево.






