Активни се пожарите на териториите на општините Василево, Радовиш и Берово (кај селото Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини), два во Македонски Брод (кај селото Грешница и помеѓу селата Локвица и Крапа), Прилеп (село Бешиште, месност Бешишки Рид) и Желино (помеѓу селата Церово и Групчин).
Под контрола се пожарите помеѓу селата Царевиќ и Смолани, Прилеп, селото Латово, Македонски Брод и во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија.






