понеделник, 8 декември 2025

Утре ќе заседава собраниската Комисија за контрола на АНБ и АР

Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР утре ќе го одржи првиот состанок по обзнанувањето на аферата со следењето на опозициски политичари и новинари во периодот кога со агенцијата директоруваше Виктор Димовски. Предвидено е членовите на Комисијата кои  имаат безбедносни сертификати утре да одат и во надзорна посета на АНБ.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите потврди дека членовите на Комисијата постигнале договор. Состанокот на Комисијата ќе го води претседателот на Скендер Реџепи од ДУИ. Тој минатата недела одби да ја закаже седницата бидејќи немал  безбедносен сертификат.

Во известувањата на АНБ до Јавното обвинителство се вели дека припадници на Агенцијата во периодот од 2019 до 2024 година незаконски примениле посебни мерки за неколкумина опозициски политичари, новинари и бизнисмени. Следени биле и Христијан Мицкоски и Александар Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ