Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.
„Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година“, се наведува во соопштението на Министерството.
Оттаму потсетуваат дека рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.






