Проектите биле одбрани на јавен конкурс, вкупниот износ за финансирање по проект изнесува до осум милиони денари, а истражувачките тимови треба да ги завршат до крајот на октомври 2026 година.

Министерската за образование и наука Весна Јаневска посочила дека ова е трет конкурс по кој се одобруваат средства за финансирање на научно-истражувачки проекти.
„Тоа јасно ја покажува насоката кон која сакаме да ја придвижиме државата. За оваа Влада науката е стратешки ресурс за развој. Затоа ги интензивираме вложувањата во научно-истражувачки проекти, врз основа на прецизни критериуми за селекција: поттикнуваме оригинални и иновативни идеи, поддржуваме млади истражувачи и меѓународно конкурентни и релевантни проекти. Наша цел е да создадеме услови за квалитетна наука која носи реални резултати и има потенцијал да го забрза општествено-економскиот развој на државата“, истакнала Јаневска.
Министерството за образование и наука претходно одобри средства и за пет научно-истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес кои се резултат на соработката помеѓу академскиот и бизнис-секторот во рамки на паметната специјализација на државата, во вкупен износ од 30,4 милиони денари.

„Минатата недела беа склучени договори со осум јавни научни установи за финансирање на научно-истражувачки проекти, во вкупен износ од 23,7 милиони денари. Оваа година Министерството за образование и наука издвои буџет од 680 милиони денари за финансирање на наука, што е речиси двојно зголемување во споредба со Буџетот од 2024 година“, се наведува во соопштението на МОН.






