понеделник, 28 јули 2025

УКЛО објави оглас за запишување 751 кандидат на втор циклус студии

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола објави оглас за запишување студенти во втор циклус студии или магистерски студии, на кои со кофинансирање во студирањето може да се запишат 751 кандидат.

Објавено на

часот

Сподели

Според конкурсот, за академски студии обезбедени се 646 места, додека за стручни студии обезбедени се 105 слободни места.

ќНајмногу слободни места огласија Правен факултет, вкупно 100 и Технички и Педагошки факултет по 90 места, каде кофинансирањето по семестар се движи од 500 до 600 евра, и исто толкава цена за студирање е предвидена на Факултутетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) каде може да се запишат 77 магистранти. На Технолошко-техничкиот факултет во Велес студирањето на насоката „Нутриционизам“ чини 700 евра по семестар.

Повисоки цени за студирање на втор цикулс на студии посочени се на насоките каде наставата ќе се изведува на англиски јазик како што е програмата „Финансии“ на Економски факултет во Прилеп каде кофинансирањето изнесува 900 евра, на  Факултетот за безбедност во Скопје странските државјани може да студираат за 800 евра по семестар, додека на насоката „Царина и шпедиција“ на англиски јазик во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, еден семестар чини 600 евра.

Во новата академска година втор циклус на студии ќе биде организиран во придружните членки на УКЛО-Битола, односно на Научен институт за тутун, каде може да се запишат 10, и Институт за старословенска култура, каде може да се запишат 15 студенти, и двете во Прилеп.

Првиот уписен рок е на 24 септември, а право на студирање на втор циклус студии имаат кандидати кои завршил прв циклус студии или академски студии со времетрање од најмалку три години со обезбедени 180 европски кредити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ