Најмногу слободни места има на Технички факултет, вкупно 350 и на ФИКТ каде може да се запишат 300 бруцоши, а според објавениот конкурс на Техничко технолошки факултет во Велес објавени се 100 места, на Факултет за туризам и угостителство 256, на Економски факултет во Прилеп 217, потоа на Правен факултет-Кичево слободни се 215, на Педагошки факултет 230, а на Факултетот за безбедност во Скопје годинава ќе може да се запишат 270 студенти.
Најмалку студенти во прва година може да се запишат на Ветеринарен факултет во Битола каде место има за 45 студенти.
Како прва македонска високообразовна институција дел од Алијансата финансирана од Европската Комисија, УКЛО-Битола почитува европски вредности, нуди мобилности и избор на предмети, а наскоро и со можност за двојна диплома на деветте Каларс универзитети.
Првиот уписен рок ќе се реализира на 19 август, информираа од ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.