До овој момент за тестирањето се најавени 148 компании, од кои 57 успешно се регистрирани во системот. Од нив, 15 активно го користат системот и имаат креирано и доставено 1.115 е-фактури, при што 396 фактури се успешно верификувани преку платформата.
„Овие показатели ги потврдуваат функционалноста и стабилноста на решението во пилот-фазата. Компаниите што се приклучуваат во тестирањето обезбедуваат рана техничка подготвеност пред задолжителната примена на системот, директна поддршка при интеграција, како и можност преку своите повратни информации да придонесат кон финалното унапредување на функционалностите. Раното приклучување овозможува полесна адаптација на ERP и интерните ИТ-системи, како и навремена подготовка за целосната имплементација“, се наведува во соопштението.
Управата за јавни приходи ги повикува ИТ-компаниите, ERP-провајдерите и економските оператори со сопствени ИТ-решенија активно да се приклучат во пилот-фазата, да го тестираат API-интерфејсот и со своите повратни информации да придонесат кон создавањето стабилен, сигурен и практичен систем за е-фактурирање, кој ќе одговара на реалните потреби на бизнис-заедницата.
Од УЈП нагласуваат дека се целосно посветени на имплементација на системот за е-фактура во тесна соработка со бизнис-заедницата и ИТ-секторот.
„Aктивното учество на компаниите во пилот-фазата претставува значаен чекор кон партнерско креирање модерен, сигурен и ефикасен систем на дигитално фактурирање, кој ќе овозможи поедноставени деловни процеси, намалени административни трошоци и повисоко ниво на транспарентност во економските текови. Управата за јавни приходи ги охрабрува сите заинтересирани економски оператори навремено да се приклучат во тестирањето и да придонесат кон успешна национална имплементација и дополнително унапредување на системот додека сè уште е во тест-фаза“, се наедува во соопштението од УЈП.






