Индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3,2 проценти.
Цените на мало во јануари годинава, во однос на декември лани, се намалени за 2,7 процента, а во однос на јануари лани се зголемени за 1,2 процент.
Намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 9,3 проценти, информации и комуникации за 1,6 процент, рекреација, спорт и култура за 1,5 процент, облека и обувки за 1,2 процент, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во групите: покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 1 процент, ресторани и услуги за сместување за 0,7 проценти, услуги за образование, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 проценти.
Трошоците на живот во групите осигурување и финансиски услуги, здравствена заштита и храна и безалкохолни пијалаци остануваат на исто ниво како и претходниот месец.






