недела, 14 декември 2025

Трет ден гори Националниот парк „Преспа” кај Пустец

Веќе трет ден беснее големиот пожар во Националниот парк „Преспа” кај Пустец.

Објавено на

часот

Сподели

„Во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарни служби од оваа и соседните општини,  цивилната заштита, локалната и граничната полиција. Покрај непристапниот терен, дополнително проблем е и ветерот, кој е опасност и за луѓето што се вклучени во справувањето со огнената стихија“, велат од Општина Пустец.

Додаваат дека поради големиот број пожари, сè уште не очекуваат интервенција од воздух, бидејќи истата е насочена кон гаснење на пожарите од кои опасност се по населени места, посебно на југот каде има евакуирани жители, изгорени домови и црква.

Министерството за одбрана на Албанија објави  дека во текот на последните 24 часа во земјата се идентификувани 34 пожари, од кои 17 се сè уште активни, шест се под мониторинг, а 11 се изгаснати.

Според истиот извор денеска на терен се ангажирани 953 сили, 56 противпожарни возила, четири хеликоптери и еден италијански авион „Канадер“ во поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ