недела, 7 декември 2025

Тече рокот за продолжување на правото на студентска стипендија

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение со положени испити (кое го издава факултетот) и уверение за предвидени и положени испити (УППИ) образец со успех од претходните години (го полнува и заверува факултетот) и индекс (од прв запишан семестар до последен заверен семестар) како доказ дека има положено 80 отсто, односно 90 отсто (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех при студирањето, согласно договорот / решението за доделување на стипендијата“, соопшти МОН.

За  каква било информација или прашање во врска со правото на студентска стипендија студентите може да се обратат на електронската адреса: [email protected]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ