понеделник, 8 декември 2025

Светски ден на учителите, МОН со иницијатива „Магијата е во знаењето“

По повод Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука денес почнува национална иницијатива под мотото „Магијата е во знаењето“. Целта на оваа кампања е да се зголеми свеста на јавноста за клучната улога на знаењето и незаменливиот придонес на професорите во заедницата.

Објавено на

часот

Сподели

Стартот на кампањата ќе биде означен со панел дискусија, која ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Скопје, со почеток во 10 часот. На дискусијата ќе се обработуваат теми како институционалниот приод кон образованието, положбата на наставниците, нивните тешкотии и потреби, како и начините на кои општеството го цени нивниот труд и влијание.

Настанот ќе го отвори министерката за образование и наука, Весна Јаневска, а во дискусијата ќе учествува и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер, деканката на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Билјана Камчевска, претставници на академската и наставничката заедница.

Во рамки на настанот, МОН и Сојузот на просветните работници на Македонија ќе ги доделат и признанијата „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година, како чин на јавно признание, но и симбол на поширока заложба за градење општество кое активно ја поддржува и вреднува улогата на воспитувачите, наставниците и стручните соработници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ