Објектот располага со неколку простории од над стотина квадратни метри површина и комплетно е опремен и уреден со финансиска подршка на општествено одговорна компанија.
Од страна на волонтерите на „Супорт Кочани“, Центарот за психосоцијализација (Центар за млади) е именуван „Гнездо“, затоа што, како што рекоа, тоа име симболизира место каде што се чувствуваш сигурно, безбедно, каде се поврзуваш со другите и на крај, подготвен си да леташ сам.
Во овој Центар ќе има едукативни, креативни и психолошки работилници, ќе може да се слика и црта, да се пишува, да се прават рачни изработки. Планирани се предавања на мотивациски говорници, активности за подобрување на психолошкото здравје и многу други нешта што ќе ги привлечат младите да создават нови вредности, информираше Ана Вучева од „Супорт Кочани“.
Од Супорт Кочани рекоа дека се надеваат оти создале топло и тивко место за дружење, кое ќе овозможува надеж за подобра иднина на младите.
А1 Македонија го поддржа овој проект за психолошка поддршка за младите во Кочани.
„Гнездо“ претставува простор за социјализација, емоционална стабилизација и
заедничко закрепнување. Центарот ќе овозможи пристап до професионални
психолошки услуги, групна работа, работилници и активности за младите од
Кочани, со цел полесно справување со последиците од траума, стрес и нарушена
Донацијата од А1 Македонија целосно ја покри финализацијата на центарот, од
опремување, ентериерно уредување до создавање на услови за стручно
спроведување на програмите.
„Кога заедницата е погодена од ваков тип на криза, мора да се дејствува
одговорно, брзо и со визија за иднината. Нашата иницијатива да се создаде
простор за психосоцијална поддршка беше мотивирана од потребата младите во
Кочани да добијат трајна, суштинска поддршка. Горди сме што како А1 Македонија
придонесуваме младите да добијат поголема поддршка, а заедницата – простор
исполнет со сила и надеж. Со ова, уште еднаш ја потврдуваме нашата улога – да
бидеме партнер и поттик за позитивни промени во општеството,“ изјави Методија
Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
„Поддршката од А1 Македонија не беше само финансиска туку беше искрена
заложба за заедницата. ‘Гнездо’ е резултат на една одговорна иницијатива и на
силно партнерство. Овој проект претставува пример за тоа како компаниите, преку
стратешки иницијативи, можат да остават траен позитивен отпечаток врз
заедницата“, изјави Дарко Стоилов, претседател на здружението „Супортко“.