сабота, 10 мај 2025

Судот во Охрид одлучува за повторување на постапката четиригодишно дете да му се даде на таткото

Одбраната на мајката од Скопје, чие четиригодишно дете во македонските судски лавиринти беше доделено на таткото од Охрид, бара повторување на постапката. Судијката Елена Балевска од судот во Охрид треба да одлучи дали таткото која е извршител на семејно насилство може да се грижи за четиригодишно дете. Целиот овој случај беше проследен со бројни нерегуларности.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката да се додели четиригодишното дете на таткото кој е финансиски моќен човек, се темели на извештајот на Центарот за социјални работи во Охрид, кој не бил надлежен за случајот да дава мислење.

Одбраната на мајката смета дека надлежен е Центарот за социјални работи во Скопје, а не Центарот за социјални работи во Охрид според чија проценка таткото е добар родител „зошто имал пари и живеел во Охрид“. Социјалните работници во Охрид процениле дека попогодно за детето е да живее во мало место.
Во претходните фази од бракоразводната парница таткото дури и го грабнал детето, а осуден е и за семејно насилство и против него имало и пријава за лажно пријавување. Во мислењето на Центарот за социјални работи од Охрид овие моменти воопшто не се наведени. Мислењето на Центарот за социјални работи во Скопје е дека детето треба да биде доделено на мајката, но во судската постапка ова воопшто не било земено предвид.
Министерството за труд и социјална политика го разреши Игор Еленчески, директорот на Центарот за социјални работи во Охрид, поради неговото постапување надвор од укажувањата на надлежните органи.
Одлуката на Апелацискиот суд во Битола главно се темели на извештајот на Центарот за социјални работи во Охрид, иако не е надлежен за случајот.
„Како фактори кои влијаеле на стручното мислење при ЈУМ ЦСР Охрид биле наведени силната врска меѓу таткото и синот, континуираното опстојување во текот на постапката од страна на таткото детето да биде доверено на чување кај него, а според педагогот од стручниот тим како предност за доделување на детето кај таткото била истакната истоветност на полот меѓу детето и таткото бидејќи имало влијание за идентификација на детето“, напиша судијката Жаклина Доведан во одлуката на Апелацискиот суд во Битола да го додели детето на таткото.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ